Младата шпанска фудбалска репрезентација до 21 година го продолжи убедливиот пат кон Европското за млади фудбалери. Синоќа со 3-0 ја згромија Северна Ирска У21, први се во група со 4-0-0 и 12 бода, гол разлика 12:3. Серхио Гомез (Андерлехт, дете на Барселона) постигна два гола, едниот после чудесен тотален фудбал.