Синоќешното финале на Копа Судамерикана не се одигра, но тимот на Атлетико Национал се појави и во голем стил им оддаде почит на трагично загинатите фудбалери на Шапекоенсе. Огромна почит и жал покажаа и домашните навивачи кои го наполнија стадионот. Се пееше ' Vamos Vamos Chape '' и сега завршниот збор околу доделување на трофејот го има организаторот на Купот. Колумбијците бараат да оди кај Шапекоенсе.