Со овие 10 секунди сакаме да ве известиме дека пред да престане фудбалот, како клуб донесовме одлука на пауза да одиме без примен гол. Зад одлуката стојат голманот, играчите, стативите. Точка.
Втора руска лига, играат Сатурн и Химик Арсенал. Уште не почнат дуелот, домашниот голман Арби Межиев излетува како да е поднапиен, а гостинскиот напаѓач Изотов шутира како веќе да е пијан.
Зимбабве има поштена акција против Уганда и проигрување на место по кое ептен смрди на гол. Но во еден момент голманот се претвора во голем г`злак бидејќи на топката така и се сака.
Фудбалерите на Интер го добија Наполи 1:0 и тоа со гол во 91-ва минута, а гостите мечот го завршија со два црвени картони. Каква шанса испуштија на крај, ова е неверојатно. Анчелоти занеме. Во ваква ситуација најмногу профитира Јуве кој остана на +9.
Многумина го паметиме како фантастичен техничар и брзо лево крило кое се прослави на „Сантијаго Бернабеу“ а и како човек кој ја почна акцијата за феноменалниот гол на Зидан со Леверкузен во Лига на шампиони.
Да ги погодиш двете стативи со еден удар, а потоа соиграчот твој локум топката која требаше да ја даде мижеечки, да ја дувне во пречка е чудо над чудата. Немале ден овие и точка. Дупло поширок и повисок да беше голот пак ќе го направеа истото.
Ако на американскиот прволигаш Орландо Сити некогаш му се повреди голманот ич да не му чуе, бидејќи има резервен кој игра во одбрана. По оваа не успешна акција на гостите, тренерот треба да ги носи на вечера и дефанзивецот и голманот. Море што сторивте?