Харви Вајнстин беше пасиониран кинофил, преземач на ризици, покровител на филмски таленти, сакан татко и чудовиште. Со години, тој беше и мое чудовиште, пишува Селма Хаек во отвореното писмо во Њујорк тајмс, во кое објавува дека и таа е една од жртвите на холивудскиот продуцент.