Веројатно нема повозбудлив времеплов од оној на прелистување стари весници. Иако во случајов се работи за дигитална архива на дневни изданија од времето на Кралството Југославија (1939), на која ѝ недостасува тактилноста на допирот на старата хартија и нејзиниот мирис, некои од објавите се крајно интересни не заради дневно-политичките настани кои ги опишуваат, туку затоа што одразуваат културни ставови и вредности.