Вчера, 26.11, на Марс успешно се примарси (соодветна варијанта на „приземји“) сонда на НАСА, која за да стигне таму помина пат од 428 милиони километри во тек на шест месеци. Нејзиното слетување предизвика големо медиумско внимание. Но притоа сите како да заборавија на еден постар „жител“ на Марс испратен од Земјата - роботче, кое по напорна кариера неодамна се самопензионира.