Од сите литературни фраери на 20-тиот век, најинтригантниот има повеќе имиња, но најпознат е како Роман Гари. Литвански Евреин роден 1914-та во Вилнус како Роман Кацев, кој течно зборувал шест јазици, тој стои зад неколку книжевни персони и е одликуван како херој на Француското движење на отпорот. Добитник е на престижната Гонкурова награда, која според правилата може да се добие само еднаш, нешто што им пошло од рака на, на пример, Пруст, де Бовоар и Маргарет Дирас. Е, ама овој човек ја има освоено два пати.