Градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон одиграно во 1999. година ќе остане запаметено по неверојатната прослава на голот на Фаулер. Легендарниот шпиц тие денови беше обвинуван од навивачите на Евертон дека шмркал кокаин, го провоцираа за време на мечот, а кралот на КОП-от им возврати така што го прослави голот со симулација на шмркање кај гол-аут линијата. ФА го казни 4 меча.