По најавата за бомбастичното засилување, Ренато Вугринец и официјално е нов член РК Работнички. Ветеранот кој настапи за македонската ракометна репрезентација на Мундијалот во Катар, ги засили Романтичарите од редовите на Лахвија каде играше заедно со Наумче Мојсоски. Работнички ја претстави екипата на вчерашниот прв собир.