Португалците го викаат O Mágico и тој е единствениот футсал играч кој повеќе од четири пати е прогласен за најдобар во светот. Прво во 2010-та, а потоа пет години по ред 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018. Што повеќе правиме муабет?
Португалецот Рикардињо важи за најдобриот футсал играч во историјата. Дечкото што прави со топката е неверојатно. Играше футсал во Мирамар, па во Бенфика, па во јапонска Нагоја Оушнс, руска ЦСКА Москва и од 2013 е член на шампионот на Шпанија Интер Мовистар. Синоќа против Леванте во шпанското футсал првенство направи нова мајсторија.
Не дека он него се очекуваат нормални голови, ама па како си се намести како рабона ударот да е најобична и најлесна работа во фудбалот. Интер Мовистар - Елпоцо Мурсија конечни 5:2 во шпанскиот Супер Куп. Одиме со моментот на мечот.
Футсалот станува сè повеќе популарен со ЕП на кое разлика прави еден човек. Има 30 години, се вика Рикардињо и доаѓа од Португалија. Притоа е најдобар играч на светот во овој спорт.
11.159 домашни навивачи во белградска Арена воодушевено му аплаудираа на најдобриот светски футсалер Рикардињо. За време на мечот Србија - Португалија (3:1), Рикардињо повторно покажа зошто е светски број еден.
Селекцијата на Португалија тренира релаксирано во пресрет на мечот со домаќинот Србија на Европското првенство во футсал на кое ние не играме. За тоа тоа се погрижи Рикардињо, најдобриот футсал играч во светот за 2010-та.