Ако сте на слушалки, појачајте го звукот, ама не до крај за да не ви се оштети слухот. Раја Казабланка од Мароко кој во 21 век е најтрофеен клуб со 14 трофеи, има посебни навивачи со невидена фудбалска страст.
Раја Казабланка од Мароко денеска слави 70 години од своето постоење. Навивачите кои се добро познати по правење невидени фешти, одат на стадион и прават шоу за сите пари, со сите бакљи. Многу, многу јако.
Дербито на Казабланка во Мароко важи за едно од најжестоките во светот. Последното го одиграа минатиот викенд и заврши 0-0. На теренот немаше голови, но на трибините фрштеше на сите страни.