Таг: промашување

Литванскиот Дрвоускас пред празен гол

Каролис Квилдис на мечот ФК Кауно Жалгирис - Лиетава во Литванија, покажа дека во фудбалот понекогаш не е најважно да го поминеш и голманот. Со маалски речник „дрво дрво гаѓа“. За малерот по Квилдис да биде поголем, Жалгирис загуби 0:1.

Најдраматичните моменти на гол линија

Карамбол или хичкок ситуации пред головите во МЛС лигта во кои тие што се обидуваат да дадат гол излегуваат лузери.

После ова ќе му биде глупо да излезе на улица

Во ситуација кога имаш златна шанса да искористиш грешка на противникот, стануваш најголем лузер на мечот.

Кога место топката ќе влезеш во гол

Мао Биао го има најсвежиот пример на ситуација во која е потешко да се промаши отколку да се даде гол.. Се работи за меч од кинескиот куп и шанса при водство на неговиот тим од 7:1 во која не е работата до резултатот, него до тоа што успеа да и ја земе улогата на топката.

Заслужена голтка пиво

Анонимниот напаѓач Тери Дод од англискиот нисколигаш Хоршам промаши чист гол, а потоа се изгреба пиво. Оладување е заслужено, неговиот тим победи 11:1, а Тери постигна хет-трик и со 30 голови оваа сезона го сруши рекордот на тимот стар 44 години.

Кога не сака, не сака

На мечот ЦСМС Иаси - ЦФР Клуж во романското фудбалско првенство уште еднаш се потврди теоријата дека кога топката не сака да влезе во гол, не сака па макар шутирале и повеќе пати пред празен гол.

Промашување на сезоната во Африка

Аубрај Нгома после оваа утка треба за казна да му дадат на тренинг 100 пати да ја изведе истава акција, ама на мали голчиња. Неговиот тим губеше 2:1 и после промашувањето го израмни резултатот, ама израмнувањето требаше да биде во овој напад.

Најголемата утка во квалификациите

Белгија вечерва го игра последниот квалификациски меч за ЕП Франција 2016, а најголемиот кривец што немаше водство на полувреме против Израел е промашување на Мертенс. Членот на Наполи се посрамоти на асистенцијата на Кевин де Бруин.

Нов кандидат за Барн Д'ор

Романецот Серџиу Бус од Шефилд Венздеј ја достави својата кандидатура за промашување на годината на мечот против Њукасл во Лига купот.

(Не)реално промашување празен гол

Фудбалерот Хорхе Ачукаро од аргентинскиот второлигаш Чакарита Јуниорс покажа зошто во фудбалот сè е можно.

Утки на векот во Бундес

Најчеста слика од германската Бундеслига често се полни стадиони, солиден фудбал и добри голови. Во книгата на оваа лига останаа запишани и 10 најголеми промашувања за кои нема објаснување.

Тројно црногорско промашување

Црногорскиот напаѓач Емир Кујовиќ кој игра за шведскиот клуб Норкопинг беше упорен во акцијата, ама му беше потребен и четврт обид за да го погоди голот.

Срамота е да го промашиш ова и со врзани очи

Џереми Бокила од Конго кој игра во Кина, по ова промашување си ја заработи клупата за резерви за цела сезона. Тој имаше локум топка за да му донесе победа на својот тим Гвангжу кој одигра 2:2.

Катар ќе го повика ли овој во 2022 година?

Доминих Строх е ликот кој не спиеше изминатиов викенд после порзот на неговиот тим Дармштад од Фортуна Диселдорф, бидејќи со левата реагираше аматерски. Тоа не потсети на најјаката завршница со лева нога.

Тројца шутраци се сплеткаа пред гол

За сите тројца има голем материјал за сеир. Првиот е од Барселона и успеа сам да се издрибла, да се сопне и да ја загуби топката, за вториот Јувентус на Реал му плати 20 милиони евра, а третиот е од Кајзерслаутерн и сигурно после ова ќе бара да игра во одбрана.

Почна сезоната на промашувања

Со почетокот на фудбалските натпреварувања се забележува секој најубав гол, најдобар потег, одбрана и слично, а во изборот влегуваат и промашувањата на годината. Веќе го имаме фаворитот за титулата цреп на годината. Рускиот Краснодар го торпедираше унгарски Диосѓор на гости со 5-1 на квалификациски меч од Лига Европа, а резултатот можеше да биде поубедлив да не беше епското промашување на Бистров.

Утна младичу, утна

Лејкерси го растурија Њујорк со 127:96, а предводник на победничкиот тим беше Ник Јанг со 22 поени. Тој погоди пет тројки, но имаше и едно промашување од зад линијата за три кое тој си го прослави.

Инзаги втор дел

Не бил само Чичарито вчера несреќен. Португалија вчера го имаше водството од 3:0 против Луксембург, но ваква завршница како на Хуго Алмеида мислевме дека може да направи само некој наш репрезентативец. Да му дадеш уште 10 пати да шутира, сигурно нема да успее да ја погоди пречката.

Промашување на месецот

Боти Демел од Брегот на Слоновата Коска кој во моментов го носи дресот на грузискиот клуб Зестафони, на пријателски натпревар против Мерани Мартвили го изведе најголемото промашување овој месец, а можеби и годинава. Намерно да шутираше од тука немаше да го промаши голот.

Најголемите промашувања на сезоната

Во сезоната 2011/12 се изнагледавме прекрасни голови, но и многу големи промашувања. Погледнете ги видеата од неколкуте најголеми промашувања во европските лиги и пишете ни го вашиот фаворит или некој друг предлог „утка" во коментарите.

Дајте поголема топка

Гледачите на натпревар од бразилската футсал лига беа сведоци на неверојатно промашување.