Таг: промашување на сезоната

Земи избриши се од Јутјуб

Не знаеме каде е ова, која лига е и кој е типов. Но после оваа завршница, не смее да помисли повеќе да оди во напад. Се надмина себе си човеков пред гол.

Се разбира дека ќе ти се смее коментаторот

Ал Ахли ја совлада Абха со 5:1, а еден од гостинските играчи доби поклон топка од голманот и потоа сам себе се совлада. Неверојатна сцена.

Ах да беше Хари ова што наслови ќе фрчеа

Се среќаваат Коринтијас против Естудијантес во првата пресметка од четвртфиналето во Судамерикана. Бразилците го добиваат мечот со 1:0, кој уствари треба да е 2:0. Ама имаат напаѓач по име Густаво Силва, со прекар Москито кој како прв пат да се појавува пред гол.

Бразилец ова да го промаши?

Се вика Јаго Пикачу. Играл пет сезони за Васко де Гама, а сега е во Форталеца. Здрав прав напаѓач со 10 години сениорска кариера и 112 гола е нереално вака да реагира пред гол.

То бе мајсторе, покажи му на светот како се игра сам пред гол

Селски босански фудбал со фантазија од завршница. Е ова е 9-ка со убиствен инстинкт за гол. Ја искина мрежата.