Во земјата во која се игра најгрубиот фудбал на светот, имало илјадници криминални прекршоци. Но она што го направил Џејсон Казинс од Викомб над Дејвид Мос од Донкастер е страобално. А што е најлудо, судијата па му дава втор жолт па црвен. Проценил дека е за жолт картон. Соиграчите уште се бунат.
Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.
На дуелот од реномираниот Голд Куп меѓу Сад и Ел Салвадор, стоперот на Салвадорците Хенри Ромеро прво го гризна центарфорот Жози Алтидор а потоа и си играше со неговите гради. Фатен е од камерите и ќе му следува суспензија.
Мехмет Дарименчи, играч на аматерскиот клуб Даликаспор прво го шутна ривалот, а потоа додека овој лежеше на земја го рогна во глава. Малку фалеше ситуацијата да ескалира на теренот, но соиграчите на повредениот Кајкан Каракаш беа прибрани.