Освојувањето на националниот Куп не се смета за некој голем дострел, но така не мислат навивачите на Легија Варшава кои направија кореографија за паметење на финалниот меч против Сласк. Домаќините загубија со 1:0 пред својата фантастична публика, но поради победата од 2:0 на првиот дуел, на крајот го подиграа пехарот, вкупно 16ти. Сите претходни титули навивачите ги одбележаа со годините на освојување.