Таг: поен на годината

А си го видел ли поенот од највисока планинска точка?

Во 2018-та година на една планина во Лесото, во Африка. Дечките наводно пробувале цели 6 дена да го погодат кошот од околу 200 метри висина. И успеале после 1.544 обиди и којзнае колку дупнати топки.

Лудорија од одбојкарски поен откако им ја врати од паркинг

Со оглед на динамиката и неизвесноста кои ги има пред секое префрлање топка преку мрежа, ова одбојкава не знаеш што може да приреди. На Светското во Јапонија еден Пољак фати да им ја враќа на Бразилците со нога по што неговиот колега направи нестварен обид да ја победи логиката. И ја победи.