Прототипот е белец, некаде во средина на 30-ти години, згоден за жени, но сепак мажите да не го мразат, идеално одговара за на кафе кај баба ти, ама и за на Тамблр кај внука ти. Нема некои големи скандали, доволно славен за изминатата година да глумел во некој блокбастер или тв серија со висок рејтинг, ама сепак доволно очаен за да се подложи на топлес фотосесија и засрамувачко психо-сексуално интервју на страниците на Пипл магазинот.