Во Десау, родниот град на Вајл, од 28 февруари до 15 март се одвива фестивал посветен на творештвото на овој германски композитор. Мотото на овогодишното издание, 28-мо по ред, е „Што се границите?“. Тоа упатува на присилната емиграција на Вајл од Германија во 1933, но и на иновативноста на неговите дела.