Во најголемото дерби на албанскиот фудбал меѓу Тирана и Партизани Тирана, гостите славеа со 1-2. Натпреварот го одбележаа незапамтени инциденти меѓу двете навивачки групи кои се пресметаа со употреба на бакљи, дрвја, каменици.
Најголемиот јунак меѓу голманите ова коло ни доаѓа од албанското фудбалско првенство поточно од екипата на Теута која му извади 1:1 на Партизани во шестата минута од судиското продолжение. Херој на мечот е Штепим Мочка.
Унгарскиот првак Ференцварош на пенали испадна од Партизани Тирана, дополнително внесениот албански претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. По 1:1, следуваа пенали каде голманот на Партизани Албан Хоџа правеше чуда. Најпрвин изведе мајсторска Паненка а потоа одбрани три пенали и е најзаслужен што Албанците во следното коло ќе играат против Салцбург.