Таг: остерсунд

Газдата на Остерсунд како Нострадамус

Младиот претседател на чудесниот шведски клуб Остерсундс, пред еден месец на гала вечер по повод доделување награди на најдобрите спортисти во Шведска во изминатата година, рекол: „Ќе го победиме Арсенал“. И го победија.

Твит на денот за Остерсунд - Арсенал

Арсен Венгер сигурно му се насмевнал на ждребот во Лига Европа, бидејќи за противник го доби Остерсунд, тимот со втор најслаб буџет во ЛЕ од 7,25 милиони фунти (Вардар беше трет со 8,96 милиони фунти). Но Швеѓаните направија сензација и заедно со Атлетик Билбао се пласираа понатаму, а Херта и Зорја испаднаа од таа група. Значи не било само до парите и историјата. Погледнете од кога постојат.