Таг: олга корбут

Гимнастичарски трик кој прв и последен пат е виден пред 50 години

Го нарекле "Корбут вртење" или "Dead Loop", а го изведува 17 годишната Олга Корбут од СССР на денешен ден 1972-ра на Олимписките игри во Минхен. Тоа е она кога ќе застане на нозе на горната шипка и ќе искомбинира вртење на двете шипки, кое ќе ви го помати паметот само што ја гледате. Потоа го забрануваат на сите гимнастички натреварувања.

Движења што веќе не се дозволени во гимнастиката

Две се на Олга Корбут, едно е на Елена Мухина, и едно на Нели Ким (и тоа е во видеово, а има и други). Заедничко за сите, е што одговорните за гимнастика одлучиле дека движењата се премногу ризични за изведување. Кога ќе го изгледате видеото, ќе забележите дека фразата "премногу ризични" никогаш не изледала така недоволна како во ситуацијава.