Таг: огномет

Навивачите на Ајакс ги оставиле играчите на Јуве без сон

Пред вечерашниот дуел од 1/4 финалето на Лига на шампиони во Амстердам, фудбалерите на Јуве го доживеале она што го претрпеа и многу пред нив кога гостуваат во главниот град на Холандија. Неколку килограми огномет, разна пиротехника и петарди.

Кој ве врти што се Кралеви, нема спиење вечер

Ајакс вечерва го пречекува Реал Мадрид во осминафиналето од ЛШ. Пред хотелот на eвропскиот првак го имаше оној стандарден обид за рушење на сонот на играчите, дело се разбира на навивачите на Ајакс. Ќе видиме вечер дали ќе им влијае ова на Модриќ и компанија. Среќна нова година Кралеви, Бадник, Божиќ и Коледе.

Нема спиење за вас во овој град

Неколку навивачи на Војводина околу 3.45 после полноќ дошле пред хотелот каде спиеле фудбалерите на Црвена звезда и направиле голем огномет под наслов „нема спиење за вас во овој град“. Дербито Војводина - Црвена звезда се игра вечерва од 18.

Да не кажете само на Балканот го има ова

Навивачите на ПСВ Ајндховен решија да не ги остават фудбалерите на Атлетико Мадрид мирно да спијат во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите, па така 10-ина минути рокаа огномет пред хотелот каде беа сместени Шпанците.