Таг: одбрана на сезоната

Најлудата тројна одбрана на сезоната, како октопод

Ако ФИФА или УЕФА планира да воведе и „одбрана на сезоната“ нека почне со Гуљиелмо Викарио од Емполи. Ова што го изрежира против Рома е за медал.

Ова голман со рака не го брани, а Маја со нога го одбрани

За одбрана на колото, месецот и сезоната во Серија А, треба да биде прогласен овој јуначки потег на капитенот на Јапонија, Маја Јошида кој игра за Сампдорија како позајмен од Саутемптон. Луда работа е што спаси против Јуве.

Голов корона да не има?

Со овие 10 секунди сакаме да ве известиме дека пред да престане фудбалот, како клуб донесовме одлука на пауза да одиме без примен гол. Зад одлуката стојат голманот, играчите, стативите. Точка.

Ова не е одбрана на сезоната, туку на кариерата

СПАЛ и Џенова одиграа 1:1 во последниот меч од 13. коло во Серија А, Пандев влезе во 62-ра, а неговиот колега Јонуц Раду е дефинитивно одлепен со интервенцијава.

Колку треба да си луд за вака да одбраниш топка?

Тој што вришти од трибина како недугав, има тотално право да вришти како недугав, бидејќи голманот е уште понедугав од него. Ова не е нормално. Арпад Штербик на рипит го гледа видеово.

Мислевме само Супермен може да одбрани вакво нешто

Ако не се повредеше Алисон Бекер, немаше да дознаеме дека Ливерпул на клупа држи мачка од Шпанија по име Адриан. Бранеше одлично на Супер Купот против Челси пред еден месец, а синоќа ја оствари сигурно одбраната на колото, ако не и на сезоната во ЛШ. Импресивно.

Го спаси голот, ама тој самиот дали се спаси?

Синоќешните извонредни интервенции на Тер Штеген и Облак во ЛШ се нула во однос на ова што ќе го видите. Ова е друг левел, кој изгледа херојски, ама е и многу ризичен. Фудбалер на Чарлтон два пати ја извади топката од гол, односо два пати таа го удри него. Вториот пат многу многу опасно.

Не го може ова секој голман

Иако е прерано да се каже, сепак ова е одбрана на сезоната, барем во јужноамериканскиот фудбал. Јунаков од чилеанскиот второлигашки фудбал реши и реши да не прими гол. Колкава жртва, мислиш игра на финале на светско.

Неверојатна одбрана во данското првенство

Голманот на Оденсе, Стен Гритебуст на мечот со Копенхаген ја имаше можеби одбраната на сезоната.

Одбрана на сезоната од голманот на Чарлтон

Бен Ејмос, голманот кој во свое време успеа да забележи еден настап дури и за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, сега брани за Чарлтон. Ама брани брани.