Додека синоќа се биеја плејоф битки за пласман во ЛШ, 20 годишниот Виктор Линд се кандидираше за гол на сезоната во Шведска. И да, дечкото е левак, а погледнете го што изведе со десна за својот Норкопинг кој славеше против АИК со 3:1.
Арнор Сигурдсон има мошне интересен фудбалски пат. Неговиот најдобар натпревар во досегашната кариера беше чудото во Мадрид кое го виделе 16 негови роднини (тетки, чичковци, братучеди). Тоа е, вели, дел од традицијата на Исланд.