„НОРАД го следи Дедо мраз“ е годишен настан спонзориран од американската војска, кој се одржува од 1955. Пред католички Божик се објавува телефон на кој децата можат да се јават и да ги кажат нивните желби, а на самиот ден и да го следат движењето на Дедо Мраз (сега и преку посебен сајт). Оваа година над илјада волонтери добиле повеќе од 100.000 повици и 12.000 мејлови. Интересна е приказната како воопшто дошло до ваква идеја.