Нејзината книга интервјуа која ќе се промовира вечерва (петок) во 20,30 во „Подрум“ во Буњаковец е со пребогат кастинг: перјаници на балканската литература (Басара, Луциќ, Перишиќ, Рудан, Буриќ), музичари (Бреговиќ, Чолиќ), актери (Шербеџија) и светски познати готвачи. Има дури и еден владика и една Нобеловка за литература! И сето тоа затоа што една паметна и упорна жена одлучила да го засука новинарскиот ракав, давајќи им активен отпор на медиокритетството и мрзата.