Некаде тие се сфаќаат како ритуални „пуштања крв“ за да се задоволат книжевните божества, и за да се гарантира добра книжевна жетва во годината која доаѓа. Кај нас не се сеќаваме да сме прочитале негативна критика за книга (фејсбук постови не се бројат), а и да имало сигурно била сфатена лично, како конкурентска злоба или некаква одмазда. Да видиме како изгледа тоа во други контексти.