Едно уметничко дело може да е недовршено заради тоа што неговиот автор умрел, но и затоа што тој не сакал или не знаел како да го доврши. Овие непополнети места ни даваат увид во процесот на работа, но и нè ставаат на местото на уметникот - зошто тој донел одлука да го батали делото, и дали понекогаш тоа го сторил намерно.