Утро, 9 февруари. Пристигна мрачната вест дека починал Глоговац. И тоа само неколку недели после веста дека воопшто бил болен. Што? Како? Нешто не е во ред со космичката математика. Немаше ни педесет. Горостасен актер на врв на моќта! Како овој подол факт сега да се обработи во главата и во срцето? Каде да се паркира сето тоа?