Таг: намерен фаул

Брус ли фаул

Капитенот на Танзанија знае да биде многу опасен мангуп со топка, ама неговиот чувар од Бурунди веројатно ја утнал професијата и требал да тренира карате или нешто слично со тепање. Не можеме да се решиме кој повеќе нè импресионира во клипов.

Не бе каков фаул, не го пипна

Турција, 1999-та и еден подзаборавен дуел за кој судијата реши да НЕ досуди пенал, а тоа плаче за затвор.

Бегај дур можеш во кинеската кошарка

Џејсон Максиел кој после 10 години во НБА, сега игра за кинескиот клуб Тјанџин буквално здиве на мечот по еден груб фаул од центарот на Шандонг Ву Ке. Максиел тргна по него и го бркаше по цел терен додека Мајкл Бисли не го смири.