Таг: најсекси маж

Што има Рајан Рејнолдс да каже новата титула на Пол Рад?

Пипл го прогласи Пол Рад за Најсекси жив маж за 2021, што, стварно фино, ама најсекси? Сепак, кога ќе земеш предвид кој сѐ им бил најсекси на Пипл (Блејк Шелтон?!), ако.

Како Пипл ги вади најсекси мажите

Прототипот е белец, некаде во средина на 30-ти години, згоден за жени, но сепак мажите да не го мразат, идеално одговара за на кафе кај баба ти, ама и за на Тамблр кај внука ти. Нема некои големи скандали, доволно славен за изминатата година да глумел во некој блокбастер или тв серија со висок рејтинг, ама сепак доволно очаен за да се подложи на топлес фотосесија и засрамувачко психо-сексуално интервју на страниците на Пипл магазинот.