Кога гугламе, не сме само оние кои пребаруваат, туку сме и пребарувани. Кога оставаме дигитални траги на Фејсбук или Твитер, на овие компании им нудиме куп податоци, кои се дел од затскриена економска шема. Во неа овие податоци се „само месо дома дошло“ - бесплатен ресурс за предвидување на нашите однесувања и за нивно манипулирање.