Прво - бевме без деца. Ама тоа не само што не ни пречеше, туку беше повод да си ја освежиме љубопитноста. Детскиот научен центар, отворен пред една година во нашето соседство, ја враќа вербата во музејот како жива, а не „здрвена“ институција, во која не смееш ништо да пипнеш.