Таг: мундог

Мундог или слепиот авангарден композитор

Луис Томас Хардин, попознат како Мундог, бил американски музичар, композитор и изумител на неколку музички инструменти. Бил слеп од 16-годишна возраст. Живеел во Њујорк од 1940-тите до 1970-тите, и во тој период често стоел на 6-тата авенија, носејќи наметка и шлем. Го нарекувале „Викингот од 6-тата авенија“, иако многумина кои го среќавале не ни знаеле за неговата музичка кариера.