„Старата дама“ има плејада фудбалери кои освојувале златни медали на Европските и Светските првенства, во најголем случај со репрезентацијата на Италија. Зад нив е Баерн Минхен, а следуваат и клубови од Јужна Америка.
Една од најголемите сензации во историјата на фудбалот се случила на Мундијалот во 1966. година кога анонимната Северна Кореа ја победила Италија 1:0 и ја елиминирала од Светското. Севено Корејците првпат во историјата влегле во четвртфиналето каде чудесно после 25’ минути воделе 0:3 против Португалија. На голема жал на илјадниците Англичани и Европјани кои навивале за нив, Еузебио во вториот дел им дава 4 гола и Португалија оди во полуфинале со 5:3.