Во обид да го намалат звучното загадување во главниот град, властите во Гана ги замолија одговорните мујезини во градските џамии, наместо да рокаат звучници, да ги повикуваат верниците на молитва преку WhatsApp. Нормално, овие веднаш реагираа дека е тоа шејтанска идеја.
Најдобриот англиски судија Марк Клатенбург веќе некое време суди во Саудиска Арабија. Го почитуваат, ама ги почитува и тој. За време на мечот од Купот меѓу Ал Феиха и Ал-Фатех се слушна оџата од блиската џамија па Клатенбург го прекина мечот на стадионот „Крал Салман“ за присутните да се помолат. На крај дал 5 минути продолжение, дуелот завршил 1-1, па во продолженија домаќините го дале вториот гол во 118’ минута за пласман во четвртфинале.
Ливерпул соопшти дека ќе превземе акција против навивачот кој постираше слика од двајца Муслимани кои се молат во подрумот на Енфилд Роуд и напиша дека тоа било срамота.
Денови тешки, тмурни, неизвесни и посни, и таман за повторување: Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.