Африканскиот Куп на нации уште во прво коло донесе сензационален резултат. Ѕвездата Марез остана во сенка, а херој е анонимен голман од Сиера Леоне кој бранеше како лудак. За национален херој го прогласија и тоа за нерешен резултат.
Викендов беше празник за очи кога се во прашање евроголовите. Да не знае човек што попрво да издвои. Од чудесниот потег на Ибра, волшебниот волеј на Паје, до овој брутален проектил на Мохамед Камара на мечот Олимпијакос - Астерас Триполис.