Таг: мобилни игри

Компанијата што заработи милијарди долари од твојата нетрпеливост

Без разлика колку напорно, грижливо, стратешки и фискално одговорно го размислуваш и преземаш секој свој потег, доаѓа момент во животот кога на твоето село во Судир на клановите, му снемуваат ресурси. Тука имаш две опции, првиот, на кој даде завет пред почетокот на играта, да почекаш да мине време и да се наполнат ресурсите, и вториот, по кој вети дека нема да посегнеш, да платиш за да се наполнат ресурсите.