18 годишниот голман Миле Свилар синоќа постави рекорд откако стана најмладиот голман во историјата на Лига на шампиони. Претходно рекордот го држеше Икер Касиљас. Малиот заигра против Јунајтед, направи кардинална грешка кога влезе со топка во гол по центаршутот на Рашфорд во 64’ минута, па гостите го тешеа да крене глава горе.