Таг: милан павков

Во Суперлига никогаш не би постоело вакво нешто

Зарем би имало драж секоја година да ги гледаме едните исти? Ако Лестер е прв во лига, ќе си игра во ЛШ, му се допаѓало тоа на некој или не. Или па Ајакс, Лион и Порто на некој не му биле доволно атрактивни. Плус кај се видело фудбал без вакви посебни ноќи кои остануваат во аналите? Нема цена ова.

Мајсторот кој ќе им се фали на внуците дека давал голови против Ливерпул и Милан

Милан Павков е роден под среќна ѕвезда. Човекот веќе неколку години постојано е резервна варијанта во Црвена звезда. Ретко игра. Имал богати понуди од Кина, ама решил да остане на Маракана, макар седел и на клупа за резерви. Ќе остане запаметен како еден од ретките кој дал голови против 7-кратниот европски првак Милан и 6-кратниот европски првак Ливерпул.

Роналдо и Меси никогаш нема да уживаат како Павков

Точно е дека Роналдо има освоено пет пехари во ЛШ, а Меси четири. Дека првиов има рекордни 126 гола, а Меси 112 и дека овие двајца ги делат сите рекорди, ама што знаат они што се трубачи кои одат заедно со ракии, пива, салати, сирења, чварки, ребра и ред други балкански мирудии.

Абе ти глуп си? Пријателска е

Германија и Србија синоќа одиграа пријателски натпревар кој заврши 1:1. Во судиското продолжение имаше една страотна сцена по која и Јоаким Лев, ама и Пеп Гвардиола сигурно направиле кисела фаца. Милан Павков, кој се прослави ланска сезона со два гола против Ливерпул, вредни победа за Ѕвезда во ЛШ, му влезе на Сане крајно непотребно и сељачки. 

На Павков му дошле пред зграда да му пеат

Симпатичните поштапалици на сметка на Милан Павков, човекот кој до пред пар години играл по третолигашки калишта а во вторникот му даде два страшни гола на Ливерпул, продолжуваат. Група навивачи на Црвена звезда дознале кај живее и отишле да му пеат под прозор.

Од отпишан џокер, нарекуван шперплоча до најголем херој на Ѕвезда

Кога Милан Павков му го даде вториот гол на Ливерпул изјави дека не бил свесен што направил, а како ли да биде кога зборуваме за напаѓач кој до скоро играл во трета лига, а почнал како играч од среден ред. Кариерата му се променила по една средба на бензиска пумпа.