Таг: милан илоски

Илоски мајстор, како Меси им ја свитка

Рекордерот во МЛС лигата со најбрзи 4 гола, кој е по татко Македонец. се истакна со нов атрактивен гол за Филаделфија, овој пат од слободен удар. Се реши за краток залет, во стилот на Лео.

Соло на Милан Илоски со убава завршница

Американецот со македонско потекло игра одлично во САД. Филаделфија го совлада Чикаго со 4:2 на пенали, после 2:2 во регуларниот дел, а Милан даде два гола, еден во пенал серијата и еден од игра кој вреди да се погледне.

Милан Илоски: Пораснав со македонските вредности, би ја разгледал можноста доколку добијам повик

Рекордер во историјата на МЛС лигата со најбрзи 4 гола е дело на фудбалер со македонско потекло. „Горд сум што сум од Македонија“, вели 26 годишниот Илоски.

Во МЛС растура Меси, ама растура и Илоски

Летово пишувавме дека во САД игра Американец со македонско потекло, кој стана 20-ти играч во МЛС кој постигнал најмалку 4 гола на еден меч. Дресот на Сан Диего пред 20 дена го замени со оној на Филаделфија. Статистиката во американскиот фудбал му е 10 гола и 4 асистенции на 17 настапи. Мечот против Чикаго го заврши со гол и асистенција, како и награда „Man of the match“ со оценка 9.2.