По соопштението во четвртокот во кое ги истакна финансиските проблеми и долговите од 2,5 милиони евра, кои ги наследил од Самсоненко, првиот човек на Вардар одржа прес конференција за истата тема.
Славното трофејно поглавје со Самсоненко завршува и почнува ново со старо новиот добро познат газда, Михајло Михајловски, кој ќе бара бизнис партнери со цел двократниот шампион на Европа да остане на високо ниво.