Јерговиќ, луциден како и секогаш, го анализира „Медена земја“ од аспект на кој до сега никој не се сети. Атиџе не е (само) одгледувач на диви пчели. Таа е уметник. А оние околу неа, дилетанти. Го убоде.
Малку очекувано ама деновиве беше објавено дека „Медена земја“ се прикажува во американските кина. Идентично малку очекувано рецензија за документарецот извадија Ролинг стоун магазинот и Вокс, притоа и двата автори прилично воодушевени од тоа што го изгледале.