Таг: мауро ѕарате

Се сеќавате ли на партнерот на Пандев од Лацио?

Не Томазо Роки, ниту Паоло Ди Канио, туку Мауро Ѕарате. Каков потенцијал имаше ова дете, за жал неискористен до крај. Се прошета во многу клубови откако го напушти Рим, ама некако остана во сенка. Од лани е во Бока Јуниорс, погледнете какво маестрално голчиште даде.

Бомба во школото на ќерка ти за трансферот во градскиот ривал

Јужноамериканците се фанатици за навивање, ама кога ќе им стапнеш на жуљ не бираат средства како да ти вратат. Тие одат до таму што играч може да си рече батали фудбал, од утре одам во пензија после оваа лудачка закана.