Таг: матео ковачиќ

А ги видовте ли голчиштата на Хаверц и Ковачиќ?

Челси има математички обезбеден пласман во нокаут фазата од ЛШ откако синоќа го совлада Салцбург на гости со 1:2. И двата гола на Хаверц и Ковачиќ се мајстории за издвојување. Во последното коло го пречекуваат Динамо Загреб.

Ковачиќ е ова или Зидан?

Не бил само лудачкиот волеј празник за очи од страна на Хрватот на дербито против Ливерпул. Погледне го како ја залепи оваа тешка топка за смирување, а потоа и дуелот со Фабињо, кој е пишман што го нападна.

Ковачиќ мајсторе од утре ќе се гледаш на најавни шпици

Челси и Ливерпул приредија гол шоу на полувремето од новогодишното коло во Премиер лигата. Првите 45 минути завршија со резултат 2:2, а страшното голчиште на дербито постигна Матео Ковачиќ.

Хрватското волшебство во ЛШ

Опасно друштво на играчи е ова, препознаено од страна на УЕФА. Модриќ, Ракитиќ, Ковачиќ, Перишиќ, Манџукиќ, па се до Бобан, Шукер, Бокшиќ, Просинечки. Првите беа втори во свет, а вториве трети. Плус Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч според ФИФА и Златна топка.

Матео Ковачиќ ни даде добра причина да навиваме за Хрватска

Реал ѝ го украде на Шпанија селекторот Лопетеги а во меѓувреме фудбалерите на „кралскиот клуб“ даваа кратки пораки зошто би требале да навиваме за нивната земја.

Кога Зидан ќе ги проигра Модриќ и Ковачиќ

На три дена до мечот на сезоната, Кралевите работат на “случајот“ Ливерпул. Нишанот на Хрватите е наместен, а за магија на тренинг се погрижи и нивниот тренер кој со вакви асистенции слободно може да влезе во игра. Комбинацијата Зидан - Модриќ е лудило.

Марсело, Ковачиќ и Модриќ со тениско топче

Пред утрешното Ел Класико кое може да ја реши трката за титулата, играчите на Реал опуштено се загреваат со тениско топче.

Ковачиќ и жена му не заборавиле топка на јахта

Фудбалерот кој со Реал Мадрид неодамна стана европски првак, а после тоа и се ожени со девојка му од детството не трга на пат без една работа - фудбалска топка.

Хрватските репрезентативци, Мамиќ и Саша Матиќ

Изминатиот викенд фудбалерот на Реал Мадрид, 23-годишниот Матео Ковачиќ во Дубровник направил лускузна свадба, а меѓу гостите бил и Бразилецот Марсело којшто се чудел кога го гледал Мамиќ како игра додека Саша Матиќ му пее.

Како се игра без да падне во Реал Мадрид

Си возат шева без топката да падне: Во средина се Варан и Матео Ковачиќ и кога после десетина додавања не можеа да ја фатат, на крај очекувано јаделе ластици.

Фото приказна за Џерард и Ковачиќ

Пред 12 години, детето што собираше топки на натпреварот, му го побара дресот на Стивен Џерард. Легендата на Ливерпул ладнокрвно реагирала и го одбила детето без никаков срам. Детето се расплакало и отишло кај своите родители. Од вчера ова дете од сликата е новиот играч на Реал Мадрид и најголемото засилување за Кралевите во летниот преоден рок - Матео Ковачиќ.