Во четвртфиналето на Купот на Мароко, ФАР Рабат на пенали ја победи трофејната Раџа Казабланка. Претходно мечот заврши 1-1 а израмнување на Рабат му донесе Омар Жерари со пеколен волеј од 35 метри.
Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.
Мароко, втора лига. Играат Јусуфија Берешид и Мулудија Уџа. Мохамед ал Факих дава преубав гол за домаќините и додека трча да слави решава да земе мобилен да направи стори и селфи како Балотели и Тоти. А за тоа време гостите тргнуваат од центар.