Себастијан Фетел постави нов рекорд со осум победи во серија, но со нов рекорд од патеката во САД можат да се пофалат и механичарите од Ред Бул и неговиот тимски колега Марк Вебер. Новиот рекорд за најбрза промена на гуми е 1.923 секунди.
Себастијан Фетел ја игнорираше наредбата и го претекна својот тимски колега со што стигна до првиот триумф во новата сезона, а ова е реакцијата на Марк Вебер по претекнувањето на 10 круга до крајот на трката во Малезија.
Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката во Малезија, а зад него се пласираше неговиот тимски колега Марк Вебер. На третото место финишираше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.