Обложувач во Дизелдорф синоќа уплатил тикет со два точни резултати: Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид 2:4 и Манчестер Сити - Монако 4:3, но во 82 минута Сане на Етихад ги постави конечните 5:3, а малериштево само тој си знае како му било.
За ваков тикет човек или треба да има многу пари на кои не знае што да им прави или да е богат коцкар во душа на кој веќе му се здосадило да оди во казино, па свртел на фудбал. А можеби се работи за нешто трето.
„При online играње има можност за селекција на најмали коефициенти и по грешка сум го селектирал и овој тип па по толку чекање иако сумата е мала (30тина евра) - ова е смешно “, ни пиша малерот.
Кога ќе ве зезне еден натпревар за пари сетете се за нашиот читател и не се нервирајте. Го имаме најголемиот МАЛЕР во историјата на постоењето на кладилниците во Македонија кој за еден проклет гол утнал 8 тикети за многу, ама многу пари.
Се ќе беше поубаво во животот за Славе ако Атлетико Мадрид минатиот вторник му дадеше уште еден гол на Ростов. Дечкото ќе добиеше 28.000 евра, а насловов ќе беше поинаков.
Иако оваа рубрика ни оди исклучиво во понеделник и петок, правилото денеска ќе го прекршиме бидејќи ни пратија тикет уплатен во Белград кој вели вака: Ставил 200.000 динари (околу 100.000 наши денари) на Манчестер Јунајтед - Стоук 1, коефициент 1.32 или што би се рекло одел на “лесна пара“.
Колку и да се жалиме, Баерн ме заеба за 5.000, мене Барса на полувреме за 10.000 денари, што да каже ликов кој во вторникот ги здрвил 7 од 8 во Лига на шампиони и тоа полувреме/крај. Оди па фати ги.