Ај овие фаворитиве што ги фатил ок, ама Македонија да ја погодиш X-2 во ракомет и потоа да ја видиш таа нестварна пацерска сцена во која голманот на Струга ја прима кроз нозе во 96-та и те остава без добивка?
Играта му е конкретна, а тоа е кој ќе победи. Одбрал 12 парови од ЛШ и ЛЕ, гаѓа 11 и го чека уште Атлетико Мадрид. Во 71-ва минута израмнија на 1:1, по што веројатно доживеал тресење едно 20 минути. Во 88-ма 2:1 за Лајпциг. Влогот му е 100 евра.
Одбрал 7 пара, сите двознаци со голови, освен Болоња - Јуве која ја чекај 2 со 3-5 гола. Тикетот го уплатикл два пати за да му носи 10 бона. Каков тежок малерај го снајде на крај. Роналдо даде гол за 0:3, ама му го поништија поради офсајд.
Немаме тука тикет со спектакуларна добивка, ама имаме малерај до сега невиден во Офсајд. Обрнете внимание на последната утакмица. Играл во живо еден, значи САМО еден гол да падне у прво и паѓаат 10, сите во второ полувреме. Неверојатно.
Гаѓа 24 утакмици и го заебува само Блекбурн - Стоук 2+. Во 14-ма минута резултат е 0:1, на крај на прво Бојан Кркиќ промашува пенал и не паѓа втор гол.. Па да не се немало милост мајко му стара.