Се вика Хозе Канте, роден е во Шпанија, ама игра за селекцијата на Гвинеја и член е на Легија Варшава. Мајсторе ова што им го направи на двајцата не е мала работа да знаеш. Ги поништи ко Килијан Мбапе.
Синоќешниот меч меѓу Тернана и Перуџа донесе само еден гол кој значеше три бода за гостите. Го постигна Франческо Никастро во 75 минута кој со овој потег си заработи место во најавните шпици за наредни неколку години.
Ростов го шокираше Баерн Минхен со 3:2 во Лига на шампиони, момент што ќе го паметат, ама од меморија нема да им избледе ниту Кисамба Лунгу кој со оваа мајсторија му донесе триумф на Урал на мечот против Ростов.
Ако некого ќе треба да запаметиме од фустал лигите во Италија, тоа е Фасундо Галинанес. Се работи за Аргентинец кој игра во Серија Ц и кој покажа дека во италијанската трета лига може да се видат потези за кои се интересирале да ги погледат Факлао и Рикардињо.